Вархеји без одговор дали ќе ги почнеме преговорите со ЕУ во јуни: „Работиме напорно на случајот“

од Nikola Popovski

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на денешната посета на Скопје одговори дека работат многу напорно и ќе продолжат, но се уште не се знае дали земјава има шанси да ги почне преговорите со Европската унија во јуни.

„Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност“, рече Вархеји.

На прашањето дали е можно одвојување на Македонија и Албанија, кои досега одеа во пакет во евроинтегративниот пат, еврокомесарот рече дека процесот се заснова на заслуги.

„Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји“, рече Вархеји.

Тој појаснувајќи една своја поранешна изјава, нагласи дека самото вето е драматизирање, и подвлече дека ЕК работи на тоа да се вратат работите во нормала колку што е можно побрзо.

Попладнево во спортската сала Борис Трајковски која е најголем вакцинален пункт против ковид19 во земјава пристигнаа првите вакцини од помошта од Европската унија.

Слични содржини