Вархеји: Добар разговор со Вучиќ за реформите

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот комесар за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји изјави денеска дека имал добар разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел за реформите во Србија во врска со пристапувањето во ЕУ, борбата против Ковид-19, регионалната соработка и подготовките за економскиот и инвестицискиот план што ЕК го претстави во есен.

Вархеји објави и фотографија со Вучиќ на Твитер.

Српскиот претседател денеска го пречека еврокомесарот во Мисијата на Србија при Европската унија, заедно со проја и погача, а тоа беше објавено на Инстаграм профилот на „budućnostsrbijeav“.

Слични содржини