Вархеји: Имам добри вести, интеграцијата на Западен Балкан ќе продолжи

од Aleksandar Todeski

Ова ми е прва официјална посета надвор од ЕУ. Северна Македонија направи многу за да стане членка и го испорача историскиот преспански договор. Сакам да му честитам на премиерот за именувањето, што е мошне важен чекор дека С. Македонија е сигурен партнер за ЕУ, рече еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји по средбата со техничкиот премиер Оливер Спасовкси.

„За интеграцијата на Западен Балкан имам добри вести, таа ќе продолжи. За да го оствариме тоа, мора да ги забрзаме процесите и да ги направиме посгурни. За новата комсиија, проширувањето не е табу тема, тоа е приоритет. Ќе ја посветам мојата работа кон постигнување на проширувањето. С. Македонија и Албанија се подготвени за преговори, нема промена во тој став. Мора да почнеме пристапни преговори со овие две земји“, истакна Вархеји.

Еврокомесарот истакна дека имаат многу работа со премиерот и другите лидери, а со цел да се даде нов пакет со кој ќе се уанпреди процесот на проширување. Тој вели дека новиот пристап мора да биде со поголема динамика, а исто така, ќе се предложи отварање пристапни преговори и тоа да започне уште пролетва, но тоа треба да биде заедно со економски план.

„Исто така, морам да го пофалам напредокот на С. Македонија направен досега. Државата беше мошне постојана во преговорите, благодарение на сите влади. Постои национален консензус и се надевам деа ќе трае и ќе помогне со предизивкиот кој ќе следува откако ќе почнат пристапните преговори. Откако ќе бидат отворени, предизивицте за С. Македонија ќе бидат уште поголеми. Важно е да постои национален консензус за пристапувањето кон ЕУ. Потребно е да се имплементираат реформите. Приоритет треба да се даде на Законот за ЈО, се надеваме дека ќе биде донесен од сегашниот парламент. Се надевам дека ќе имаме сигурен партнер во владата. Ја изразив подготвеноста за соработка со кој и да ја води владата.  Клучно е и спроведувањето на Преспанскиот договор без разлика која ќе биде следната влада“, истакна Вархеји.

Тој откри дека побарал од Европскиот парламент да објави награда од 50 милиони евра за постигнувањата и резултатите на земјава во искористувањето на Европските фондови истакнувајќи дека се надева дека ќе добијат зелено светло и ќе се овласти исплатата.

Во врска со ниската доверба во судството, особено по бегстовото на Никола Груевски во Унгарија, од која земја и доаѓа еврокомесарот, тој не сакаше да коментира и порача прашањата да се постават на унгарските власти.

„Не мислам дека Комисијата ја има псотавено оваа цел, дека реформите се да се врати поранешен премиер од земја-членка на ЕУ. Се работи за национална способност, ЕУ или Комисијата немаат што да кажат по ова прашања, најдобро е ова прашање да го испратите до унгарските власти“, рече тој.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини