Вархеји: Кога зборуваме за вето, да не зборуваме за драма

од Nikola Popovski

„Кога зборуваме за вето, да не зборуваме за драма, бидејќи самото вето значи драматизирање“, вака одговори еврокомесарот Оливер Вархеји, на новинарско прашање на темата околу бугарското вето за нашите преговори со ЕУ.

Според него, тие како Европската комисија работат на тоа да се вратиме во нормала колку што можеме побрзо.

„Враќањето во нормала значи постигнување на договор помеѓу двете земји. Договор значи закажување на првата Меѓувладина конференција меѓу Македонија и Бугарија и токму на ова како ЕУ работиме во моментов“, потенцира Вархеји.

Премиерот Заев, Еврокомесарот Вархеји и министерката Едштадлер присуствуваа во салата „Борис Трајковски“, каде имаа прес-конференција по повод пристигнувањето на првите дози од ЕУ на вакцината од Фајзер.

Слични содржини