Вархеји: „Нон-пејперот“ не постои

од Vladimir Zorba

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави денес дека т.н. „нон-пејпер“ не постои.

На заедничката конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, Вархеји рече дека документот не постои.

„Целосно сме убедени дека овие „нон-пејпери“ не постојат. Ако постоеја, ќе бевме загрижени, бидејќи сите знаеме каде води редефинирањето на границите на Западен Балкан“, рече тој на конференцијата, пренесоа албанските медиуми.

Според него, никој не смее да става такво нешто на преговарачка маса.

Тој посочува дека не се согласува со кој било дел од тој документ и дека таквите документи „служат за некоја друга цел“.

Слични содржини