Вархеји по состанокот во Тирана: Ова е година на Западен Балкан

од Берта Китинска

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска во Тирана изјави дека оваа година е година на Западен Балкан.

По самитот на лидерите на Западен Балкан СБ6, Вархеји рече дека спроведувањето на Економскиот и инвестициски план во регионот ќе биде почеток на крајот на кризата предизвикана од вирусот „Ковид-19“, најавувајќи дека инвестицискиот план ќе мобилизира трет на БДП во регионот.

– 30 милијарди евра ќе бидат распределени во регионот. Планот нема да работи ако регионот не функционира како целина – рече Вархеји и посочи дека тоа ќе се реализира само доколку лидерите на Западен Балкан соработуваат во создавањето на заеднички регионален пазар.

Како што рече, сите земји во регионот се движат во вистинската насока, во смисла на создавање на тој пазар, и тој најави нов самит на земјите од Западен Балкан во јули.

– Ги гледаме првите резултати што одат во таа насока преку постигнување договор за укинување на роамингот на Западен Балкан – рече Вархелџи, опишувајќи го како големо достигнување.

Како што рече, спроведувањето на тој план ќе овозможи минување на граѓаните низ земји со лична карта, признавање на универзитетски дипломи и одземање на работните дозволи.

– Сето ова ќе овозможи соработката на Западен Балкан да биде во служба на граѓаните – рече Вархеји.

Слични содржини