Вархеји: Почетокот на преговори на С. Македонија со ЕУ е приоритетно прашање

од Nikola Popovski

Во врска со ситуацијата со Албанија и С. Македонија, кои сè уште чекаат на почеток на преговорите со ЕУ, европскиот комесар за проширување во ЕУ, Оливер Вархеји објавил дека во претходните месеци е направено многу и дека има значителен напредок.

„Мислам дека сме приближуваме кон крајот на процесот и сега треба да ги вложиме сите наши напори да преминеме на следното ниво, кое подразбира први меѓувладини конференции (почеток на преговори) со двете земји, Албанија и С. Македонија, како приоритетно прашање“, напиша Вархеји на Твитер.

Нема промена на позицијата на Софија за преговорите на Скопје со ЕУ по состанокот на Советот за општи работи во Луксембург.

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја потврдиле својата позиција на состанокот, но дека остануваат отворени за дијалог за време на претстојното Словенечко претседателство со Европскиот совет за наоѓање на заемно прифатливи решенија. Според соопштението на бугарското МНР, од Македонија се бара „да се откаже од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија“ и „да ги рехaбилитира бугарските жртви на југословенскиот комунизам“.

Слични содржини