Вархеји потврди: Европа е подготвена да и помогне на Црна Гора

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархели ја потврди подготвеноста на Европската комисија да и помогне на Црна Гора да најде решение за финансиската состојба во која се наоѓа земјата поради долговите кон кинеските банки, објави вечерва Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Ние стоиме покрај Црна Гора и го поддржуваме нејзиниот пат кон ЕУ. Ние ги истражуваме можностите со црногорската влада и нашите партнери да најдеме ефективни решенија за инвестициските проекти на земјата и да обезбедиме одржливост на нејзиниот јавен долг и да ги елиминираме ризиците од претходните аранжмани почитувајќи ја политиката и финансиските правила на ЕУ. “, изјави Вархеџи на Твитер.

Минатата недела Црна Гора официјално поднесе барање до Европската комисија во која се бара помош од европските институции за подмирување на кинескиот долг. Според официјални лица кои имале пристап до писмото, Подгорица бара поддршка од европските институции во процесот на диверзификација на кинескиот долг и завршување на остатокот од автопатот. Поради долгот, Кина може да стане сопственик на патот во Црна Гора, додаде РСЕ.

Слични содржини