Вархеји повторно во Скопје: Ќе има ли деблокирање на бугарското вето?

од Nikola Popovski

Шефот на дипломатијата на Португалија Аугусто Сантош Силва, земјата претседавач со Советот на Европска Унија, и еврoкомесарот за проширување Оливер Вархеји, утре ќе ги посетат Северна Македонија и Бугарија.

Од Делегацијата на ЕУ ја соопштија агендата според која утре претпладне Вархеји и Силва се во Софија каде ќе имаат средба со бугарскиот претседател Румен Радев и техничкиот премиер Јанев, а попладнето во Скопје се закажни средби со претседателот Пендаровски, премиерот Заев, вицепремиерот Димитров и министерот за надворешни работи, Османи.

„Го чекаме утре португалскиот министер и се надеваме дека ќе дојде со предлог идеи како да се надмине оваа блокада и да се врати довербата меѓу двете страни“, изјави денеска Османи на прес-конференција.

Вархеји и Сантош со себе носат предлог за деблокирање на ветото на Бугарија за Македонија поради кое не може да се одобри формално одржувањето на првата Меѓувладина конференција. Целта на оваа еднодневна мисија, е да се најде начин за поместување на процесот на разговори меѓу двете земји, во обид да се постигне компромис за отворените прашања со кои Бугарија го условува усвојувањето на преговарачката рамка за земјава, а со тоа и одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Ова ќе биде втора посета на Вархеји на С. Македонија после краток временски период, откако неодамна ги донесе вакцините Фајзер, предвидени преку Ковакс системот.

Слични содржини