Вархеји: Треба да имаме доверба во Софија и во Скопје

од Берта Китинска

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, не сакаше да го коментира отворањето на бугарските клубови со имиња на фашистички соработници, но изрази надеж дека преговарачката рамка и процес ќе помогнат да се надминат тензиите, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Се надевам дека со договорот за преговарачката рамка и одржувањето на првата политичка меѓувладина конференција, и политичкиот договор кој нѐ донесе таму ќе создадат различна клима, рече еврокомесарот за проширување.

Тој ги повика двете страни да бидат отворени и да се посветат на соработка преку создадената рамка.

-Се појавуваат охрабрувачки знаци и треба да имаме доверба во нашите пријатели во Софија и во Скопје дека ќе најдат начин да ја променат целата атмосфера, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји.

Слични содржини