Вархеји: Важен ден за С.Македонија и ЕУ, го чекавме долго овој момент

од Vladimir Zorba

Денес е важен ден, не само за С.Македонија, туку и за Европската Унија изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

– Овој момент го чекавме долго време, би сакал да ви честитам премиере (Ковачевски) и на вашиот тим за напорната работа која ја работевте во изминативе години, изјави Вархеји и се заблагодари на француското претседателство за „неуморните напори“ кои доведоа до оваа меѓувладина конференција.

Гласањето во Собранието, вели тој, покажало дека земјата е на европскиот пат.

– Денешната меѓувладина конференција е заслужена за целиот напредок што вашата земја го направи во минатите години во промовирањето на европските реформи. Земјата продолжува да ги исполнува сите услови, добро работеше на внатрешните реформи, ги потврдивте вашите демократски институции, имате живо граѓанско општество, вашите напори за зајакнување на владеење на правото и борба против корупцијата се за честитки, а вие сте успешен модел на едно разновидно мултуетничко општество, кое заслужува да го направи следниот чекор кон приклучувањето на ЕУ, истакна еврокомесарот.

Додаде дека ЕК веднаш е подготвена да започне со стриминг, и тоа уште попладнево.

Слични содржини