Вархеји: За побрзи преговори Србија да се усогласи со ЕУ

од Берта Китинска

Работиме на поширок пакет за енергетски спас за целиот Балкан и се обидуваме да испорачаме многу брзо, би требало да сме во можност да го презентираме на лидерите во ноември на самитот на Берлинскиот процес, каде разгледуваме начини да им помогнеме да одговорат на итните краткорочни и среднорочни потреби, да создадеме алтернативни набвки на гас или струја, како да помогнеме за интерконекторите за гас или струја, изјави Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Тој додаде дека е потребно да се поттикнат и инвестиции, посебно во зелената енергија и енергетската ефикасност, нагласувајќи дека зградите од “советски стил“ трошат многу енергија.

Вархеји дека Србија треба да ги засили напорите за усогласување со надворешната политика на ЕУ, вклучително и декларации и санкции, во согласност со преговарачката рамка.

На прес-конференцијата по презентацијата на годишниот пакет за проширување во Европскиот парламент, Вархеји исто така рече дека почитувањето на надворешната и безбедносната политика на ЕУ влијае на брзината на евроинтегративниот процес, но дека „тоа не е причината поради која пристапните преговори може да биде суспендирани “.

Србија се уште не се приклучила на санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија и покрај повеќемесечните повици од Унијата да го стори тоа.

Слични содржини