Вархеји: Западен Балкан треба да биде дел од нашата ЕУ

од Nikola Popovski

Го повикуваме бугарскиот парламент и сите партии да ја исполнат својата заложба и да го вклучат предлогот за РС Македонија и Албанија на дневниот ред за одобрување денеска, како што е предложено, објави на Твитер профил еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Според него, претседателот на бугарската ГЕРБ Бојко Борисов „веќе покажа лидерство со поднесувањето на францускиот предлог на маса“.

„Сите треба да го прават истото. ЕУ мора да се движи. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија“, напиша Вархеји.

Слични содржини