Вартоломеј: Црквата и државната власт во Русија соработуваа во криминалната агресија и ја делат одговорноста за злосторствата

од Vladimir Zorba

Вселенскиот патријарх Вартоломеј рече дека влијателната Руска православна црква ја дели одговорноста за конфликтот во Украина, но додаде дека е подготвен да помогне во повоеното „духовно закрепнување“ на Русија, објави Ројтерс.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј ги даде овие коментари како укор кон рускиот патријарх Кирил, чиј гласен благослов за инвазијата руската агресија на Украина го подели православието ширум светот.

Вартоломеј, кој ја налути Москва во 2019 година со признавањето на новопрогласената православна црква на Украина, рече дека руските власти ја користат црквата како „алатка за своите стратешки цели“. „Црквата и државната власт во Русија соработуваа во криминалната агресија и ја делат одговорноста за злосторствата, како што се шокантните киднапирања на украинските деца“, рече тој на конференцијата организирана од литванскиот парламент. „Нашиот меѓуверски дијалог мора да се фокусира на начините за спротивставување и неутрализирање на капацитетот на раководството на Московската патријаршија да го поткопа нашето единство и преку теологијата да го легитимира криминалното однесување“, додаде Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх е со седиште во Истанбул и се смета за „прв меѓу еднаквите“ во Православната црква, која има околу 260 милиони следбеници ширум светот, од кои околу 100 милиони се во Русија.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини