Васев: Мицкоски блефира и не се откажува од Груевски, криминално стекнат имот не може да се донира

од desk3

Стефан Васев од СДСМ во изјава за медиуми истакна дека Христијан Мицкоски по секоја цена се определува за Никола Груевски и не се оградува од неговите криминали туку напротив, и понатаму останува посветен на одбраната на криминалот на режимот.

Додава дека и најавата за бришење на функцијата почесен претседател, без осуда, без оградување од криминалот на Груевски е уште еден прочитан блеф на Мицкоски.

„Блеф е и наводната продажба и донирање на парите од продажбата на белиот дворец кој беше изграден за време на најголема сиромаштија. Криминално стекнат имот не може да се донира“, посочува Васев.

Тој нагласува дека Мицкоски се опкружи со луѓе од режимот меѓу кои и исцелител, но и човек кој јавно на телевизија навредуваше пратеници на СДСМ и бранеше насилници кои упаднаа во Собранието.

„Александар Климовски, стратешкиот советник на Мицкоски, во директен пренос додека траеше упадот во Собранието, безобразно ги навредуваше пратениците на СДСМ и претседателот Заев. Со такви ликови, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се борат само за обнова на режимот, заробената држава и груевизмот“, додаде Васев.

Слични содржини