Васев: Мицкоски молчи за тоа како богател негови блиски со пари на граѓаните

од Aleksandar Todeski

Втор ден молк од извршителот Христијан Мицкоски за скандалот со криминално, расипничко испумпување пари од граѓаните и префрлање во џепови на негови блиски од ВМРО-ДПМНЕ. Додека граѓаните плаќале за 100% повисока цена на струјата поради него, најнеспособниот директор на ЕЛЕМ народните пари расипнички ги раздавал на лица од ВМРО-ДПМНЕ, рече на прес конференција Стефан Васев од владејачката СДСМ.

„Како тогашен директор Мицкоски прво склучил еден Договор за адвокатски – советодавни услуги со Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, вреден 1.600.000 денари, за период од две години. Но тоа не било доволно и само 5 месеци подоцна, во март 2017 година, Мицкоски склучува нов Договор со Тошковски, вреден нови 8.850.000 денари за адвокатски услуги! Само со овие два договори, за пет месеци, Мицкоски му обезбедил на Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, 170.000 евра, пари на граѓаните! За граѓаните 100% поскапа струја од извршителот Мицкоски, ама за Тошковски 170.000 евра“, вели Васев.

Тој обвини дека Мицкоски делувал исто како што рече, исто како неговиот шеф Никола Груевски во криминалната ВМРО-ДПМНЕ. Според Васев, со сомнителни шеми, парите на граѓаните завршувале кај лица од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа извршителот Мицкоски работеше против Законот за Јавно обвинителство, затоа што се плаши од правдата исто како и неговиот шеф во Будимпешта. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, освен криминал и одбрана на криминал ништо друго не можат. Документите што ги добивме а коишто се индиции за криминал и расипништво со парите на граѓаните од страна на извршителот Мицкоски, ќе ги предадеме до надлежните институции. Со усвојувањето на Законот за јавно обвинителство создадени се сите услови за надлежните институции да делуваат и да донесат правда. Извршителот Мицкоски, неговиот шеф Груевски, ги чека одговорност и уште еден пораз од граѓаните на 12 април“, истакна Стефан Васев.

Слични содржини