Васев: Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е враќање на државата назад во режим

од desk3

„Најавата на Антонио Милошоски дека бараат начин за поништување на Договорот од Преспа е најава дека ВМРО-ДПМНЕ има единствена цел да ја врати државата назад“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Тој посочува дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ да го поништи Преспанскиот договор е опасна теза штетна за националните и државните интереси.

„Без Договорот нема членство во НАТО. Без НАТО тоа ја втурнува државата, но и регионот во безбедносен ризик. Ние не можеме да бидеме дел од НАТО без Преспанскиот договор. Очигледно дека на ВМРО-ДПМНЕ не им е важно НАТО, не им се важни националните интереси“, истакнува Васев.

Нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Христијан Мицкоски со сите сили работеле против НАТО, против ЕУ и против реформите што се од интерес на граѓаните.

„Денес, нивната понуда е враќање на државата назад во режим, во изолација и неизвесност, враќање на криминалот, корупцијата и неказнивоста. Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и ќе ја поразат нивната деструктивна матрица уште еднаш на 12 април“, порачува Васев.

Слични содржини