Васев: Зад утрешните протести стои ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

Стана јасно дека зад повиците за бојкот, зад лажните вести за дигитализацијата во образованието и зад утрешните протести, стои ВМРО-ДПМНЕ.Партијата предводена од Мицкоски се обидува да манипулира со родители и ученици заради теснопартиски и бизнис интереси, вели Стефан Васев од СДСМ.

-Наместо да покажат конструктивност ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по секоја цена се обидуваат да го опструираат процесот на дигитализација на образованието.

Фактот што опозициската партија наводно не била против дигитални учебници, н се спротивставува на законското решенија покажува дека ВМРО-ДПМНЕ преку лаги и манипулации се обидува да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи.

Толку од интересот на ВМРО-ДПМНЕ за образованиот систем. На оваа партија важни и се само бизнис и партиските интереси и затоа секојдневно шират лажни вести и невистини и се обидуваат да ја манипулираат јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на секоја реформа, на сé што е во интерес на граѓаните и на државата.

Слични содржини