Вашето тело ви испраќа сигнали: Ова се симптоми на стрес

од Берта Китинска

Речиси и да нема личност која не доживува стрес денес, дома или на работа, а често не сте ни свесни до која мера телото страда поради него. Кога стресните ситуации ќе се израмнат една со друга, последиците се неизбежни. Вашето тело испраќа алармни сигнали – препознајте ги на време.

Ако речиси секоја вечер се будите исплашени и вознемирени, големи се шансите да сте под стрес. Стресот е една од најчестите причини за лоши соништа и кошмари.

Друг проблем со спиењето може да биде знак дека сте под стрес – тоа е несоница. Иако сте уморни, само се превртувате и не можете да заспиете. Постојано размислувате за своите грижи и проблеми и не можете да се опуштите.

Заби кои болат

Ако ве боли забот кога ќе се разбудите, веројатно сте ја поминале ноќта крцкајќи со забите и стискајќи ги мускулите на лицето.

Почесто се разболувате

Ако почесто кивате, ве болат мускулите или главата, сосема е сигурно дека телото ви кажува малку да забавите. Слабеењето и опаѓањето на имунитетот доаѓаат како одговор на стресот.

Косата ви паѓа

Секое утро додека се чешлате, забележувате дека на вашиот чешел има се повеќе паднати влакна. Слично е и кога ја миете косата. Прекумерното опаѓање на косата често доаѓа како еден од знаците дека сте под стрес.
Сите овие знаци се сигнали да го сфатите сериозно вашето здравје и да побарате лекарска помош!

Слични содржини