Вашингтон бара втора фаза од истрагата за ПОТЕКЛОТО НА КОРОНА

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите држави повикаа на подготовка на втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот.

Американскиот секретар за здравство Хавиер Бесера во видео порака подготвена за годишниот состанок на Светската здравствена организација на министерско ниво изјави дека на меѓународните експерти треба да им се овозможи да го проценат изворот и раниот период на инфекцијата, пренесува „Ројтерс“.

– Втората фаза на студијата мора да биде иницирана со проектна задача која е транспарентна, заснована на наука и им обезбедува на меѓународните експерти независност на целосен пристап до изворот на инфекција и раната фаза на епидемијата – рече Бесера.

Бесера не ја спомна директно Кина, каде што во декември 2019 година беа регистрирани првите случаи на ковид 19 кај луѓе.

Претходно, медиумите објавија дека американските разузнавачки служби имаат информации што можат да фрлат ново светло на потеклото на коронавирусот.

Тројца истражувачи од Институтот за вирусологија во Вухан побарале болничка нега во ноември 2019 година, еден месец пред Кина да ги пријави првите случаи на ковид 19, пишува американскиот дневен весник „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извештајот на разузнавачките агенции на Соединетите држави.

Слични содржини