Вашингтон објави награда за информација за лидерот на Ал Каеда

од desk4

  Вашингтон објави награда од пет милиони долари за информација која ќе доведе до заробување на Халед Батарфи, лидер на Ал Каеда. 

Откако САД го призна Ерусалим за главен град на Израел, Батарфи повика на напади врз Американци и Евреи во целиот свет.

Саудиецот Батарфи ги поддржуваше авганистанските талибанци пред да стане еден од главните лидери на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека нуди награда од пет милиони долари на секој кој ќе ги одведе властите до Батарфи или ќе помогне за негово апсење.

Американската дипломатија ја удвои и наградата за фаќање на Касим ал Реми, шеф на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, која сега изнесува 10 милиони долари.

Слични содржини