Вашингтон пост: Постои судир во рускиот државен врв

од Nikola Popovski

Во самото руско државно раководство имаше конфликт. Член на потесното опкружување на Владимир Путин се соочил со рускиот претседател поради грешки и пропусти во војната во Украина, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на американски разузнавачки извори, пренесува „N1.hr“.

Поединецот, кого Вашингтон пост не го именува, наводно му изразил загриженост на Путин за лошото водење на војната и грешките направени од руските воени лидери.

„Од почетокот на окупацијата, сведоци сме на зголемена тревога од многу од најблиските кругови на Путин. Нашите проценки сугерираат дека тие се особено мотивирани од неодамнешните руски загуби, погрешното насочување на војната и големите воени недостатоци“, изјавил анонимниот западен разузнавачки извор за весникот од Вашингтон.

Друг висок функционер објаснил дека многумина околу Путин веруваат дека војната не оди во вистинска насока.

„Има многу луѓе кои се убедени дека ова не оди добро или дека тоа не е вистинскиот начин“, рекол тој.

Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, призна дека има несогласувања за војната, но додаде дека „сето тоа е дел од нормалниот работен процес“.

„Тоа не е знак за некаква поделба“, кажа Песков.

Слични содржини