Васил со „YOU“ ја кани цела Европа на танц: Промовирана нашата евровизиска песна

од Elena Daskalova

Денеска, на 8 Март, излезе официјалниот видео-спот и премиерно беше објавена евровизиската песна „You“ со која Васил Гарванлиев ќе нè претставува на Евровизија.

„Со тебе или YOU ја доживувам како покана за танцување, покана да се конектираме да го славиме живтот и сегашниот миг. Без разлика што и да ни се случува во моментот- продолжете да играте во ритамот на животот. Сведоци сме дека не живееме во идеално време, но постојат магични моменти кои поминуваат без да забележиме и залудно ги трошиме. Длабоко верувам дека сѐ започнува од нас, и дека ние сме првиот чекор, кој за другите може да значи инспирација и почеток за нова приказна. Мојата само што започна!“, напиша тој на неговиот профил на Фејсбук.

Слични содржини