Васкез: Пеналот беше чист, но очигледно треба да свикнеме со зависта на луѓето

од Vladimir Zorba

Лукас Васкез од Реал Мадрид, врз кој беше досуден најконтроверзниот пенал оваа сезона, не е изненаден од коментарите дека всушност Меди Бенатиа од Јувентус не извршил никаков прекршок во дуелот помеѓу двата тима од Лигата на шампионите.

„По натпреварот, реков дека тоа е пенал“, изјави напаѓачот на „кралевите“.

„Ја гледав ситуацијата многу пати и тоа е пенал. Но, постојат анти-Мадрид чувства. Некои луѓе ги боли кога Реал се пласираше во полуфиналето во ЛШ за осма година по ред. Мораме да живееме со таа завист“.

Васкез веќе размислува за претстојните два судири со Баерн (Минхен) за место во финалето.

Првиот натпревар е на 25 април во Германија, а пред тоа, фудбалерите од Мадрид ќе имаат натпревар во Ла Лига против Атлетик Билбао (18 април), а за викендот ќе одмараат.

Слични содржини