Ватикан: Папата ќе го посети Ирак во март

од Nikola Popovski

Папата Франциско ќе го посети Ирак во март, доколку епидемиолошката состојба го дозволи тоа, соопшти денеска Ватикан, најавувајќи дека ова ќе биде прва посета на папата во странска земја после повеќе од една година.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, денес изјавил дека за време на престојот во Ирак од 5 до 8 март, папата Франциско ќе го посети Багдад, градот Ур каде што според Библијата е роден Абрахам, предокот на сите нации, како и градовите Ербил, Мосул и Каракош.

Бруни вели дека распоредот за патувања ќе биде објавен подоцна и дека ќе се земе предвид „развојот на здравствената криза во светот предизвикана од пандемијата на Ковид-19“.

Ова за папата, кој ќе наполни 84 години на 17 декември, ќе биде прво патување во странство од ноември 2019 година, кога ги посети Тајланд и Јапонија.

Слични содржини