Ваучер од 50 евра за вакцинирани пензионери во Црна Гора

од Vladimir Zorba

Во Црна Гора сите пензионери кои се вакцинираат во јули со првата доза на вакцина за коронавирус, ќе добијат ваучер за туристи во вредност од 50 евра. Ова е една од новите мерки донесени од Советот за борба против коронавирусот во таа земја.

Министерството за здравство на таа земја исто така информира дека слободен ден по вакцинирањето ќе им биде даден на вработените во државните институции.

На сите граѓани на Црна Гора кои биле вакцинирани со вакцина „Синофарм“ или „Спутник V“, заради патување во странство, а доколку одредена земја го бара тоа, ќе добијат бесплатно ПЦР тестирање на Институтот за јавно здравје.

Новите епидемиолошки мерки во Црна Гора, кои ќе важат до 16 јули, ќе го зголемат дозволениот број на навивачи на спортски настани, па наместо сегашните 10 проценти, ќе бидат овозможени 30 проценти од вкупниот број посетители.

Исто така, продолжен е терминот за изведување музика во живо во градините и на терасите во рестораните. Наместо од 20 до 23 часот, музиката во живо на отворено ќе може да се изведува од 20 до полноќ.

Новите мерки исто така го проширија списокот на земји чии граѓани можат да влезат во Црна Гора без тестови или докази за вакцинација против коронавирус, па од утре граѓаните на САД и Канада можат слободно да влезат во таа земја, пренесуваат црногорските медиуми.

Слични содржини