Ваучери за домашен туризам ќе добијат сите граѓани што аплицирале

од Nikola Popovski

„Ние сме надлежни за секторот туризам како министерство и во дневна основа ги следиме сите случувања. Затоа денес очекуваме да се усвои ребалансот на буџетот, каде се предвидени дополнителни средства за поттикнување на домашниот туризам“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција, како одговор на прашањето дали ќе има нова финансиска поддршка за хотелиерите.

Тој извести дека сите граѓани што аплицирале за ваучер за домашен туризам и што ги исполнуваат условите, ќе ги добијат.

„Нема да биде како претходно, прв дојден – прв услужен, затоа што Министерството за економија во соработка со финансии и пратениците обезбеди средства за сите да бидат покриени, со што над 4000 ваучери од наредната недела ќе бидат достапни. Не сметам дека доцниме со нив“, рече Бектеши.

Слични содржини