Вавринка го одби Ѓоковиќ за настап на „Адрија Тур“

од Vladimir Zorba

Стен Вавринка одговори дека сè уште не е подготвен да излезе на теренот поради фитнес причини по паузата поради пандемијата од коронавирус, па затоа нема да игра на „Адрија Тур“, организирана од Новак Ѓоковиќ.

На овие турнири ќе играат Ѓоковиќ, Доминик Тим, Грегор Димитров и Александар Зверев, кои ќе бидат учесници на спектаклот во Белград.

– Имав многу барања да играм, особено во Швајцарија, но и во Србија на иницијатива на Ѓоковиќ. Новак игра дома. Сепак, јас не сум се вратил целосно во тенисот – рече Вавринка и додаде: „Направив само два тренинга. Ќе работам понапорно од јуни. Не можам да играм натпревари сè додека не сум во форма. Јас не би ризикувал“.

Слични содржини