Вчера се вакцинирале над 13 илјади граѓани

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

-Вкупно се аплицирани 862.426 дози вакцини, а ревакцинирани се 361.431 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 13.810 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.098 граѓани, стои во соопштението на ресорното министерство.

Според статистичките податоци, 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.

-На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 500.995 граѓани, додаваат од МЗ.

Слични содржини