Вчера се вакцинирале речиси 12 илјади граѓани

од Nikola Popovski

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 510.197 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.109 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.946 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 891.379 дози вакцини, а ревакцинирани се 381.182 граѓани, објави Министерството за здравство.

Според нив, со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од министерството соопштија дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19,  а 17 лица се оздравени.

Регистрирани се две починати лица еден од Скопје и еден од Кичево ,двајцата пациенти се од возрасната група 60+ и двајцата се починати во болнички услови.

Слични содржини