Вдовицата на Курт Кобејн: Џони Деп ми го спаси животот

од Stefanija Kuzmanovska

Американската пејачка Кортни Лав откри дека Џони Деп ѝ го спасил животот по предозирање со крек и така и помогнал во најтемниот период од животот.

„Ми даде прва помош откако се предозирав пред клубот The Viper Room во Лос Анџелес. Тогаш бев зависник од хероин, тоа беше во 1995 година“, изјавила Кортни Лав, вдовицата на познатиот Курт Кобејн.

Таа напомена дека социјалните служби ѝ помогнале на нејзината ќерка Френсис да го преброди тој период.

„Џони Деп ѝ напиша писмо на ќерка ми за тоа на четири страници, иако тогаш не се познававме добро. Се обидуваше да ја утеши мојата ќерка на нејзиниот 13-ти роденден. Испрати лимузина за Френсис и нејзините пријатели “, изјави Кортни Лав.

Кортни ја поддржа и поранешната сопруга на Џони, Амбер Херд, со која и се суди.

„Бев најомразената жена во Америка, во светот, долго пред да се појави TikTok. Разбирам како се чувствува Амбер. Можете ли да замислите да бидете на нејзино место?“, рече Кортни.

Слични содржини