Ве мачи инфлацијата и поради тоа сте под стрес? 4 совети кои би можеле да ви помогнат

од Stefanija Kuzmanovska

Финансискиот здравствен институт го дефинира финансискиот стрес како состојба која произлегува од финансиски или економски настан што создава анксиозност и загриженост и е проследена со реакција во форма на психолошки стрес.

Поновите истражувања го поврзаа финансискиот стрес со менталното здравје, а студија од пред седум години, спроведена на Универзитетот Јеил, ја разгледа идејата дека некои проблеми со менталното здравје се всушност финансиски проблеми, пренесува Healthline.

Сега, новото истражување на Американската психијатриска асоцијација (АПА) покажува дека вознемиреноста поради инфлацијата и губењето на приходот расте кај Американците. Исто така, новата анкета покажува дека сегашната пандемија на ковид 19 не е најголемата грижа со која се соочуваат Американците.

Според резултатите од ова месечно истражување, речиси 90 отсто од жителите на САД изјавиле дека се чувствуваат вознемирени или многу вознемирени поради инфлацијата, што е зголемување за 8 процентни поени во споредба со претходниот месец.

Како да се соочите со стравот од инфлација?

Постојат неколку начини на кои можете да се справите со стресот и анксиозноста предизвикани од финансиски тешкотии поради инфлацијата, пренесува Healthline.com.

1. ПРЕТПЕРЕТЕ СЕ НА ПРИЈАТЕЛИТЕ И СЕМЕЈСТВОТО
Д-р Тимоти Б. Саливан, психијатар, вели дека споделувањето на загриженоста за финансискиот стрес со пријателите или семејството е добро.

Нема ништо лошо во тоа да се потпрете на семејството и пријателите за поддршка, рече тој, додавајќи дека е важно да им дадете до знаење на блиските дека сте под стрес и дека ви е потребна нивната поддршка.

2. ПОБАРАЈТЕ ПРОФЕСИОНАЛНА ПОМОШ
Поврзувањето со професионалец за ментално здравје, исто така, може да помогне во управувањето со стресот поврзан со финансиите. Сепак, одлуката да се побара стручна помош зависи од тоа колку сериозно некој е погоден од финансискиот стрес.

3. РАБОТЕТЕ СО ФИНАНСИСКИ СОВЕТНИК
За оние кои можат да си го дозволат тоа, ангажирањето финансиски советник би можело да биде вредно.

4. ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ЗАЕДНИЦАТА
Експертите се согласуваат дека организациите со седиште во заедницата можат да помогнат во поврзувањето на луѓето со достапни владини или државни програми за помош, како што се помош за кирија, помош за комунални услуги и слично.

Слични содржини