Вечерни навики за убавина за да блеснете следното утро

од Elena Daskalova

Често после будењето изгледаме уште поуморни од претходниот ден, особено ако лошо сме спиеле. Но, некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега, ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро.

Unsplash

Ова се едноставни трикови кои секоја жена може да ги практикува.

Вечерен ритуал за нега на лице

Утринската нега сведете ја на миење и чистење на лицето и нанесување дневен крем. Од друга страна, во ноќната нега можете да вклучите повеќе чекори, почнувајќи од ексфолијација, па до нанесување серум или ноќна маска која делува додека спиете.

Измијте ја косата навечер

Ако ја измиете косата навечер, може да заштедите на време следното утро, но и да го избегнете непријатното електризирање на штотуку измиената коса. Задолжително користете кондиционер и средство за смирување на непослушните влакна. Во текот на спиењето, има доволно време за косата да се смири.

Спијте со ниско коњско опавче

Ако мора да ја врзете косата пред спиење, нека биде во ниско коњско опавче, за да се избегне големото затегнување.

Користете памучни чистачи за лице

Памукчињата за лице кои се продаваат веќе потопени во средство за чистење и отстанување шминка се многу практични, бидејќи во исто време и чистат и хидратираат.

Постојана хидратација

Хидратацијата на лицето, но и на рацете, стапалата, лактиците е задолжителен дел и од дневните и од ноќните ритуали за нега. Посветете повеќе внимание навечер, бидејќи тогаш козметиката има повеќе време да делува.

Слични содржини