Вечерва нов протест во Скопје: „Нема отстапување од Македонија“

од Берта Китинска

„Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред Влада, преку Министерство за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедија, и ќе завршиме пред Собранието“ се вели во денешното соопштение од „Ултиматум – НЕ благодарам“.

Оттаму порачуваат „нема полициска монтировка која ќе не уплаши“.

„Нема меѓуетнички тензии, туку има заштита на криминал и предавство на Македонија против кое се бориме. Апелираме да не се наседне на полициските провокации. Ултиматум, не благодарам. Против асимилација и бугаризација. Излезете масовно. Македонија е нашата последна тврдина“ стои во соопштението.

Слични содржини