Вечерва собир за спас на Универзална сала

од Nikola Popovski

Пред платото на Универзалната сала иницијативата солидарни за срцето на скопје  ќе одржи собир за спас на  универзална сала, со единствена порака и желба, да не  исчезне овој белег на Скопје.

На 11 август – во 20 часот пред платото на Универзална сала, да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје“ се вели во повикот преку Фејсбук.

По бурните рекации на  социјалните мрежи и во медиумите на иницијативата се придружија, музички и естрадни уметници, актерите, авторите, организаторите, промотерите, менаџерите.

Собирот ќе се одржи под мерките на заштита, се апелира сите оние кои ќе присуствуваат да ја запазат физичката дистанца и носат заштитни маски.

Слични содржини