Веднаш избришано се на Трамп: Сите снимки на поранешниот претседател се отстранети од Јутуб каналот на „Белата куќа“

Денес во Америка се одржа свечена церемонија на инаугурација, а Џо Бајден официјално стана претседател на Соединетите држави, додека Камала Харис положи заклетва и ја презеде функцијата потпретседател на државата.

За првпат во поновата историја претходниот претседател и првата дама не присуствуваа на инаугурацијата, а Доналд Трамп отпатува со Меланија пред церемонијата во Флорида.

Откако официјално ја презедоа власта, сите снимки на претходниот претседател Доналд Трамп и неговата администрација беа избришани на каналот Јутјуб на Белата куќа.

Во моментов, на тој канал е објавена само снимка во живо од инаугурацијата на 46-от претседател на САД, eо Бајден.

Слични содржини