Веќе го надминавме разочарувањето, вели Клоп за пропуштената титула во Премиер лигата

од Vladimir Zorba

На неколку дена пред финалето на Лигата на шампионите во Ливерпул веќе се справиле со незадоволството по пропуштената титула во Премиер лигата, убеден е менаџерот Јирген Клоп.

До последно „црвените“ се бореа со Манчестер Сити, но на крајот по епското последно коло останаа на бод зад шампионот.

Тоа не беше најдобриот развој за нас, но веќе го надминавме разочарувањето“, изјави Клоп.

Во вторникот вечерта, тој беше рангиран број 1 меѓу англиските фудбалски менаџери во анкетата на сите тренери, вклучувајќи ги и оние од пониските дивизии.

Ливерпул освои два трофеи на Островот – Лига купот и ФА Купот.

Слични содржини