Веќе се исплаќаат надоместоците на членовите на ИО за претседателските и парламентарните избори

од Nikola Popovski
87 прегледи

Почна исплатата на надоместоците на членовите на избирачките одбори за претседателските и парламентарните избори годинава, извести Државната изборна комисија.

Исплатата е во тек и динамиката на исплата, велат од ДИК ќе зависи од ажурноста и точноста на податоците кои ги внесле Општинските изборни комисии, бидејќи до сега биле воочени многу технички грешки на личните податоци за близу 35 илјади членови на одборите.

Од ДИК укажуваат дека овие грешки се однесувале на податоците од единствените матични броеви и трансакциските сметки, па истите ќе треба да бидат коригирани за да бидат прифатени од системот за трезор за исплата во Министерството за финансии.

Слични содржини