Поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, реагира во врска со, како што наведува, вчерашната изјава од Кабинетот на претседателот на државата г-н Стево Пендаровски дека „Во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите иако не е избран претседател“.

Вчера Вељаноски го тврдеше сосема спротивното, дека актуелното Собрание не може да се смета за конституирано, бидејќи нема избран претседател,т.е. спикер.

„Сакам да ја известам јавноста, но и претседателот Пендаровски дека тоа не бил прв случај иако не бил избран претседател на Собранието на РМ и била прекината седницата, нејзиниот претседавач да го известува претседателот на државата дека е конституирано Собранието.Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на петтиот парламентарен состав – на конститутивната седница одржана на 27 јули 2006 година тогашниот претседавач г-н Стојан Андов ја прекина седницата после третата точка без да се изврши избор на претседател на Собранието на РМ бидејќи немаше предлог за претседател на Собранието на РМ и ја одложи седницата, но истовремено на 27 јули 2006 година г-н Стојан Андов како претседавач а не како претседател на Собранието на РМ го извести претседателот на РМ дека е конституирано Собранието иако не беше избран негов претседател. И врз основа на тој допис од претседавачот Андов тогашниот претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година го достави мандатот на тогашниот мандатар. Но за среќа тогашниот претседавач г-н Стојан Андов не беше суден за тероризам во тоа време“, наведува Вељаноски.

Тој додава дека овие факти може да се проверат во архивата на претседателот на државата и во архивата на Собранието.

Во врска со вчерашната изјава од Кабинетот на Претседателот на државата г-н Стево Пендаровски дека “Во 2016 година,…

Публикувахте от Вељаноски Трајко в Четвъртък, 6 август 2020 г.

Слични содржини