ВЕЛЕС: Во дворот на баба му чувал марихуана во буре

од Берта Китинска

Велешкото основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против велешанец за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

-Осомничениот, во дворот од куќата на неговата баба каде тој повремено престојувал, неовластено заради продажба држел 420,6 грама марихуана.Дрогата, спакувана во едно најлонско кесе, ја чувал во метално буре во дворот, а полициски службеници од СВР Велес ја пронашле при претрес.Со оглед на тоа што осомничениот веќе е осудуван за исто кривично дело и дека во текот на истражната постапка треба да се сослушаат сведоци кои се во роднинска врска со него, јавен обвинител оценил дека е оправдан стравот осомничениот да го повтори кривичното дело и да влијае врз сведоците.Од тие причини до Основниот суд Велес доставен е предлог за определување притвор за осомничениот​, соопштија од Обвинителството.

Слични содржини