Велешанецот кој што почина пред четири дена бил позитивен на КОВИД-19

од Nikola Popovski

Денес во Центарот за јавно здравје Велес, пристигнаа резултатите за починатиот 78 годишен велешанец и тие се позитивни на коронавирусот.

Откако велешанецот кој пред 4 дена не беше примен на Инфективното оделение во велешката болница, бидејќи му кажале дека нема симптоми на коронавирусот, почина во својот дом, сепак резултатите биле позитивни на коронавирусот, објави денес порталот veles365.com.

Него претходно му бил земен брис за коронавирусот, поточно во вторникот, но во текот на денот неговото здравје нагло се влошило. Семејството со брза помош го однело на инфективното оделение во велешката болница.

Слични содржини