Велешани и кумановци најдисциплинирани граѓани за време на двомесечниот карантин

од Берта Китинска

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешната прес конференција најави дека  МВР ќе спроведува зајакнати контроли за да утврди дали се почитуваат  владините мерки за превенција од ширење на вирусот Ковид-19.

-Контролите посебно ќе се спроведуваат во угостителските објекти, кои, како што е најавено, ќе почнат со работа од утре.Мерките на кои ќе се внимава се однесуваат на употреба на средствата за лична заштита, како и на одржувањето на пропишаното социјално растојание во угостителските објекти, изјави Чулев.

Чулев, на првиот ден откако е укинат полицискиот час по 66 дена во Македонија објави дека севкупно до сега мерката за ограничување на движењето не ја почитувале 3.412 сторители, додека 3.110 од нив се приведени од страна на полицијата.

На територијата на СВР Скопје и СВР Битола имало најголем број на случаи на најнедисциплинирани граѓани , додека одделенијата на територијата на Велес и Куманово биле забележани  најдисциплинирани граѓани.

Слични содржини