Величковски: Европските и евроатлантските интеграции на Македонија останаа стратешка цел на ДУИ

од Destan Jonuzi

Европските и евроатлантските интеграции на Македонија останаа стратешка цел на Демократската унија за интеграција (ДУИ), дури и во периоди кога од таквата цел отстапуваа нивните партнери во владата, смета политичкиот аналитичар Ивон Величковски, коментирајќи ги последните случувања во владејачката ДУИ и најавите за внатрепартиски избори.

– Внатрешните процеси во ДУИ овие 20 години се постојани и сегашниот не е изненадувачки. Во овој период етапно се менуваше структурата на нивниот електорат, а така се менуваа и нивните тековни програмски приоритети и, со тоа, кадрите за нивното спроведување. Европските и евроатлантските интеграции на Македонија останаа нивна стратешка цел, дури и во периоди кога од таквата цел отстапуваа нивните партнери во владата. Во моментов во ДУИ се води процес кој личи дека треба да овозможи и реална претставеност на внатре-партиско ниво и претставеност на електоратот преку политичките именувања, во подготовка и за следните парламентарни и претседателски избори, изјави Величковски за „Локално“.

Д.Ј.

Слични содржини