Велигден без полициски час, во сила останатите мерки за заштита од Ковид-19

од Vladimir Zorba

Полицискиот час вечер нема да важи и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца.

Ова е исклучок само за празникот Велигден и ограничувањето на движењето продолжува утре од 21 час до 05 часот.

Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на КОВИД-19 на територијата на државата беше воведен полициски час од 21 часот до 05 часот, следниот ден, со исклучок за претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам. Согласно тоа полицискиот час нема да важи од 1 кон 2 мај и на 12 кон 13 мај.

Слични содржини