Ви претставуваме уште една едноставна идеја за диверзификација на велигденската декорација. Наместо традиционалните еднобојни јајца или пак другиот традиционален модел на шарени јајца ви нудиме велигденски јајца со светкави нијанси од истата боја!
Многу се убави, а и се прават многу лесно! Потребни ви се најобични бои за јајца (какви што користите секоја година, по ваш избор), оцет, неколку сада за растворање на бојата и сте подготвени да започнете!
Најпрвосварете ги јајцата. Техниката е едноставна – ставете го јајцето во садот со бојата. Почекајте малку подолго од нормалното, за да фати поинтензивна боја во долниот дел. Потоа дотурете малку вода и повторно почекајте. Повторете ја постапката неколку пати додека јајцето не се покрие целото со вода. На овој начин во врвот ќе остане во бледа нијанса која постепено до долниот дел станува темна и густа!
Убаво, лесно и итро!
Забелешка : Ако не сакате да трошите боја само за едно јајце, како што е прикажано на сликата, можете да користите поголеми садови во кои ќе ставите повеќе јајца, па постепено да дотурате вода.