Велигденски симболи и традиции

од Vladimir Zorba

  

Христијаните го слават Велигден во спомен на воскреснувањето на Исус Христос. Некои аспекти од современите велигденски празнувања сепак потекнуваат од пред христијанството.

Античката божица на пролетта
Според (познатиот историчар) Венерабле Беде, Велигден го добило името од Еостре, англосаксонската божица на пролетта. Месецот кој кореспондира со април бил нарекуван еостремонат, или месецот на Еостре, и оттаму „Истер“ се вклопил во христијанското празнување кое вообичаено паѓа во тој месец. Претходно овој месец се нарекувал Паш (Премин), назив кој останал кај повеќето неанглиски јазици. (На основа на сличноста на имињата, некои го поврзувале Истер со Иштар, вавилонска и асириска божица на љубовта и плодноста, но нема цврсти докази за ова).

Најверојатно околу вториот век од н.е. христијанските мисионери кои тргнале да ги конвертираат племињата во северна Европа забележале дека христијанското празнување во спомен на воскреснувањето на Исус скоро се совпаѓало со старогерманските празнувања на пролетта, со кои се истакнувал триумфот на животот над смртта. Христијанскиот Велигден постепено ги апсорбирал овие традиционални симболи.

Во средновековна Европа, јајцата биле забранети за време на велигденскиот пост. Јајцата снесени во тоа време биле тврдо варени или зачувувани на друг начин. Оттука, јајцата биле главниот елемент за велигденскиот оброк, но и вреден подарок за децата и слугите.

Покрај ова, низ вековите јајцата биле сметани за симбол на новиот живот и плодноста. Се верувало дека заради ова многу стари култури, меѓу кои и Eгипќаните, Pерсијанците и Rимјаните, ги користеле јајцата во нивните пролетни празнувања.

Многу традиции и пракси се оформиле околу велигденските јајца. Боењето на јајцата е воспставено како уметност и јајцата често се вапцуваат, бојат и декорираат. Јајцата исто така се користеле во разни празнични игри: родителите ги криеле јајцата за децата да ги пронајдат, а децата тркалале јајца по удолнина. Оваа пракса се уште живее во криенката со јајца и во трката со јајца. Најпознатата трка со јајца се одржува секоја година на тревникот пред Белата куќа.

Православните христијани во Средниот век и во Грција, ги вапцувале јајцата со силно црвена боја, со која се симболизирала крвта на Исус. Празните јајца (продупчени во лушпата и потоа од нив била испразнета содржина) во Ерменија биле декорирани со слики на Христос, Богородица, и со други религиозни ликови.

Германците раздаваат зелени јајца како подарок на Велики Четврток, и обесуваат празни јајца по дрвја. Австријците редат листови од растенија околу јајцата и потоа ги варат. Кога ќе се тргнат листовите, се откривала бела подлога од лушпата.

Уметнички креации

Најраскошна велигденска традиција се развила во Источна Европа. Во Полска и во Украина, јајцата често биле боени со златна и сребрена боја. Со „писанки“ (или украсување или боење) било внимателно нанесувана восочна подлога во разни облици на јајцето. Потоа јајцето било боено, а восокот био повторно нанесуван на други места за да се зачува бојата, и потоа било повторно варено во разни нианси. Резултатот бил повеќебојни линии или утенички дизјанирано јајце.

Велигденското зајче

Уште од дамина зајчињата се сметале за симболи за плодноста. Вклучувањето на зајчето во велигденските обичаи изгледа потекнува од Германија, каде се раскажувале приказни за „велигденското зајче“ кое снесува јајца за децата и тие трeбa да ги пронајдат. Германските емигранти во Америка – посебно во Пенсилванија – ја донеле оваа традиција и ја прoшириле меѓу пошироката јавност. Тие исто печеле пити за Велигден во облик на зајчиња, а најверојатно ја измислиле и праската да прават чоколадни зајчиња и јајца.

Велигденски картичи

Велигденските поштенски картички се појавиле во викторијанска Англија кога некој поштенски сужбеник цртал пригоден текст на цртеж со зајче. Според Американските поштенски картички (American Greetings), Велигден денес е четврти најпопуларен празник за испраќање картички, веднаш по Божик, Денот на вљубените и Денот на мајката.

Велиггденски паради

По покрстувањето, првите христијани носеле бела одора во текот на велигденската недела за да го истакнат својот нов живот. Оние кои веќе претходно биле покрстени, наместо тоа носеле нова облека со што го симболизирале споделувањето на нивниот нов живот со Христа.

Во средновековна Европа, верниците кои оделе во цркви излегувале да прошетаат по Велигденската миса, а на челото на поворката се носел крст или велигденско кандило. Денес овие прошетки се познати како велигденски паради. Луѓето ја покажуваат својата нова пролетна облека, вклучувајќи ги и убавите шапки украсени за пролет.

Слични содржини