Велика Британија ја продолжи либерализацијата на царинските тарифи за Украина до почетокот на 2024 година

од Radmila Tasevska

Владата на Велика Британија ќе ја продолжи привремената либерализација на царинските тарифи за стоки увезени од Украина до почетокот на 2024 година, пренесува Ројтерс.

„Либерализацијата на сите царински давачки за увоз од Украина ќе продолжи да важи за целото Обединето Кралство и Комонвелтот на нациите“, изјави денес во парламентот министерот за меѓународна трговија, Најџел Хадлстон.

На 19 мај минатата година Европскиот парламент одобри укинување на царините за увоз на стоки од Украина на една година, со цел да и помогне на економијата на земјата поради руската инвазија.

Слични содржини