Велика Британија го прекина целиот увоз на руски течен гас

од Vladimir Zorba

Велика Британија од денеска го прекинува целиот увоз на руски течен природен гас (ЛНГ), што е нова мерка во одговорот на Лондон на војната на Москва во Украина, пишува Гардијан.

Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Твитер објави дека од денеска е прекинат целосниот увоз на руски ЛНГ, „како дел од одговорот на илегалната инвазија на Украина“, пренесе Танјуг.

Велика Британија ја објави својата одлука да го прекине увозот на руски гас од јануари 2023 година во октомври.

Слични содржини