Велика Британија: 6,3 милиони луѓе ја примија првата доза

од Vladimir Zorba

Во Велика Британија 6,35 милиони луѓе биле вакцинирани со првата доза, а 469.660 ја примиле втората доза.

Владата на Велика Британија планира да овозможи вакцинација на сите оние кои се вклучени во четирите категории на најчувствителни на здравјето на граѓаните до 15 февруари, пренесува Би-Би-Си.

Во последните 24 часа, потврдени се уште 30.004 позитивни на коронавирус, најмалку од 19 декември и 610 смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 3.647.463 случаи на Ковид-19 и 97.939 смртни случаи меѓу заразените со коронавирус.

Слични содржини