Велика Британија бара екстрадиција на Кевин Спејси поради тужбите за сексуален напад

од Nikola Popovski

Британските власти, наводно, бараат враќање на Кевин Спејси од САД во Велика Британија за да се соочат со обвиненијата за сексуален напад.

Британското кралско обвинителство го одобри обвинението против Кевин Спејси, кој е обвинет за четири точки за сексуален напад врз тројца мажи. Актерот наскоро треба да се појави на суд, а нападите, според обвинението, се случиле во периодот од 2005 до 2013 година.

Во неделата се појави вест дека Спејси ќе се соочи со официјална екстрадиција во Велика Британија, доколку доброволно не се врати во земјата, пишува „The Guardian“. Американската полиција би можела да биде испратена да го уапси Кевин Спејси во име на Британија.

Слични содржини